Бакнеж како терапија

од  |  0 коментари

Бакнежот е израз на отвореност, љубов, интимност, пријателство, страст, но е исто така и игра, и облик на комуникација, понекогаш невин, а понекогаш дрзок. Со помош на бакнеж се потпишуваат сојузи и со него ги поздравуваме личности кои ни се драги. Тој ги интригирал и ги инспирирал писателите од сите времиња. Дај ми илјада бакнежи, па тогаш уште сто, па тогаш пак илјада … пеел Катул во првиот век пред Христос.

Научниците на бакнежот му даваат големо значење, бидејќи резултатите на истражувањата кои имаат спроведено стручњаците покажуваат дека мажите и жените од сите старосни групи можат многу детално да  опишат како се чувствуваа кога првпат се бакнуваа. Истото истражување докажало дека првиот бакнеж многу подлабоко се врежува во сеќавањето од првиот сексуален чин, кои е според голем број на испитаници, опишан како искуство кое по многу што, преставува разочарување.

Што се конкретно случува во организмот кога се бакнуваме?

Кога станува збор за разменување на бакнежите помеѓу мајка и дете, наближување на лицето, односно деловите од телото кои се најблиску до мозокот, упатува јасна порака на љубов, а тоа може да има само позитивни ефекти, докажуваат научниците.

Доколку детето е на пример болно, та порака може да биде поефикасна од лекарствата. Бакнежот можи да се смета како превентивна мерка, бидејќи го зајакнува имунитетот. Додека се бакнуваме, се стимулираат центрите во усните кои даваат знак дека треба да почни лачењето на специфичните хормони кои позитивно влијаат на расположението.

Кај возрасните устата ја преставува ерогена зона и по едно бакнување се активира лачењето на хормоните, кои ја поттикнуваат сексуалната желба и создаваат убави чувства, создавајќи така претпоставка за комплетен однос.