Четири најголеми грешки во сексуалниот живот

од  |  0 коментари

Одговорноста е на двата партнери да активно учествуваат и учат за тоа што треба да се направи, за да имаат здрав, возбудлив и исполнет сексуален живот. Ова се четири грешки кои жените ги прават во креветот и совети како да се поправат.

Очекувате од својот маж да размислува како жена – ова е причина за голем број на фрустрации, како кај мажите така и кај жените. Очекување дека ќе размислува на ист начин, не само дека е бескорисно и губење на време, туку е и причина на големи недоразбирања и тензии. Мажите и жените различно доживуваат секс и имаат поинакви сексуални чувства и желби. Затоа комуникацијата е многу важна!

Не очекувајте од партнерот да Ви ги чита мислите – партнерот не може да Ви ги прочита мислите, како што и Вие не можете неговите. Морате со зборови да ги искажете своите сексуални потреби и желби. На многу жени ова е тешко, и тоа е најчесто причина поради конзервативното воспитување кои на жените им наметнува пасивна улога и набљудување на секс само како дел од процесот на размножување.

Не преземате иницијатива – жените грешат кога чекаат од мажот да направи прв чекор. На многу мажи им е многу секси кога жените ќе ја преземат иницијативата. Изненадете го така што ќе го дочекате во секси долена облека кога тој ќе стигне дома. Со малку креативност и труд, можете да го збогатите сексуалниот живот.

Исфрлувањето на спонтаноста – секс не би требало да биде инспирирана случка. Мажите сакаат кога жените се спонтани. Зграпчете го и почнете да го бакнувате штом ќе влезе, прегрнете го наутро пред да стани од креветот со зборовите дека сакате убаво да го започне денот… само се некои од примери кои можете да практикувате како би сте го направиле Вашиот сексуален живот поубав.