Воспоставете ја љубовната рамнотежа

од  |  0 коментари

Пронаоѓањето на вистинскиот партнер е од голем значај за воспоставување рамнотежа во животот. Во хармоничната врска постои неверојатно количество на енергија која можете да пренесувате еден на друг. Психолозите нагласуваат дека старото правило, по кое мажот се грижи за парите, а жената за куќата, повеќе не важи, бидејќи многу е поважен нивниот придонес во врската и меѓусебните односи. Доколку во Вашата врска балансот се воспоставил самиот од себе, тоа укажува дека Вашата врска е добра, но психолозите додаваат дека еден од партнерите во тоа секогаш помалку учествува од другиот и да секогаш постои еден кој влечи и друг кој кочи.

Жените имаат поголема интуиција –  најновите истражувања потврдуваат дека жените имаат многу подобра интуиција од мажите, да подобро наслутуваат и поинтензивно чувствуваат. Затоа жените во главно подобро од нивниот партнер знаат што е за него добро отколку тој самиот. Жените исто покомуникативни и повеќе ги покажуваат чувствата.

Мажите се поспремни за ризик – Мажите се поспремни за ризик и поактивни се. Жената го пушта сигналот, а партнерот тогаш делува. Што се однесува до финансиите, во поголем број на случаеви во бракот мажот и понатаму подобро заработува. Во минатото, мажите се чувствуваа поради тоа повеќе моќни, а денес на тоа се гледа поинаку. Материјалната страна не е поважна од емотивната, но мажите се и понатаму заштитници и тие кои донесуваат одлуки, иако жените на суптилен начин одредуваат правилата.

Што можи да ја наруши љубовната рамнотежа?

Мажот е посветен на кариера и малку време се задржува во домот. Во таков случај жената се чувствува занемарено.

Кога ќе се роди бебето, многу работи се менуваат. Жените ги доживуваат работите поинаку од мажите, бидејќи порано, додека двајцата беа вработени, водеа сличен живот.

Доколку жената сака да се по породувањето врати на работата, двајцата мора заедно да пронајдат начин како да ја вклопат работата и семејството.

Кога еден ден децата заминат од домот, на жената и се потребни дополнителни обврски како би се во нејзиниот живот повторно воспоставил балансот.