Рок на траење на врската. Кога треба да кажете крај?

од  |  0 коментари

Кога е моментот да повлечете линија помеѓу задоволување со добрите времиња во врската кои се малку и лошите времиња кои стануваат се почести?

Врските се комплицирани. Постојат моменти на среќа до лудило, но постојат и моменти и времиња кога почнувате да се запрашувате за се околу себе. Во секоја врска е потребно да се потрудите да ги преминете лошите моменти заедно, но постојат времиња во кои тоа е бесполезно воопшто да го правите. Откако многу токсичните врски завршуваат вообичаено луќето велат дека посакуваат да ги виделе знаците дека било крај претходно. Секогаш постојат тие мали знаци околу нас меѓутоа ние кои секогаш се надеваме во изреката љубовта победува се , како да имаме очила на очите со кои не гледаме се пред нас. Еве мал дел од причините кои укажуваат дека е време за крај.

1.Почнавте да се нарекувате со погрдни имиња и називи. Зборовите болат, а најмногу оние кои се изречени од некој кој многу го сакаме. Тоа остава белег на врската кој ни извинување не може да го “измие”. Кога вие влегувате во таква околност и без никаков обзир некој ве нерекува со погрдни називи време е да ставите крај и да започнете некоја нова приказна која е вредна за секоја минута помината во неа.

2.Кога довербата ќе исчезне. Вие треба да можете да му верувате на вашиот партнер. Проверувањето на неговиот телефон, Facebook, мејл како да сте Шерлок Холмс значи дека сте ја изгубиле довербата во него, а нема врска која трае а е заоснована на недоверба. Кога почувате да гаите сомнежи и да не си верувате еден во друг- време е да си заминете.

3. Кога лошите спомени на вагата тежат многу повеќе од малкуте добри моменти заради кои сакате упорно да ја задржите врската а не ви оди. Секако дека во секоја врска постојат тешки моменти, дури и по малку болка но кога претсанувате да се сеќавате на последниот пат кога заедно сте биле среќни, тогаш време е да и ставите крај на ваквата врска.

4.Избегнувате да поминувате време заедно, и постојано самите си правите изговори за да не го гледате вашиот партнер тогаш потребно е да си ги преиспитате вашите изговори и да се запрашате зошто сте со неа/него сеуште?

5. Секогаш ви се чини дека само вие вложувате да успее врската, а него/неа не ја боли глава воопшто за проблемите кои ги имате?

6.Постојано се расправате, карате секаде каде што сте заедно, да можеби тоа е дел од обврските кои доаѓаат со територијаноста и карактерите на партнерите во врската, меѓутоа доколку не можете да се однесувате културно и со почит кон себе и пред други луѓе тогаш треба да се запрашате дали сте еден за друг.

7. Фантазирате и размислувате како би било доколку би биле заедно со друга личност многу често , почесто размислувате дека нешто ви недостига и размислувате како тоа би било доколку би биле во врска со друга личност? Нормално е да фантазиррате за другу луѓе , но доколку не сте среќни во врската во која сте и фантазирањето го правите за да заборавите на вашата несреќа тогаш време е да ставите крај и да пробате да го побарате она што вам ви недостига- љубов од вистинската личност за вас.