Дали сакате врска или секс?

од  |  0 коментари

За да не завршите со погрешен маж, што обично со себе носи непроспиени ноќи и многу солзи, на првиот состанок е важно добро да ги отворите очите и да откриете како се тој однесува, за што зборува и како се однесува кон Вас, за да дознаете што во суштина тој сака.

Постојат сигнали кои многу работи можат да кажат за мажот, и време е да научите да ги препознаете. На првиот состанок и мажите испраќаат сигнали, кои често можат да Ве збунат, а доколку на време обратете внимание на некои сигнали можеби ќе реагирате како треба.

Како разговара со Вас?

Ако почувствувате дека Ви е пријатно додека разговарате со него и дека темите сами се надоврзуваат, значи дека добро се разбирате. Но доколку сепак во текот на разговорот тој гледа околу и Вие имате впечаток дека не Ве слуша внимателно, него најверојатно не го интересира разговорот со Вас, туку само сексуална активност.

Како Ве допира?

Научно е докажано дека, кога некој Ви се допаѓа, таа личност често ја допирате и во главно тоа го правиме несвесно. Ако во текот на разговорот тој Ве допри за рака додека нешто ви објаснува или Ве допри по рамото, многу е веројатно дека е длабоко концентриран на се што е врзано за Вас. Сепак ако неговата рака заврши на Вашето колено, а погледот е насочен кон Вашите гради тоа е знак дека најверојатно сака да Ви ги слечи алиштата од Вас. И ништо повеќе од тоа.

Како се однесува кон другите луѓе?

Доколку сте на првиот состанок, кон Вас најверојатно ќе биде внимателен. Меѓутоа можете повеќе да дознаете за мажот доколку набљудувате како се однесува кон други луѓе кои ќе ги сретнете таа вечер. Доколку е малку нервозен, најверојатно е таков и во секојдневните ситуации и нема да Ви биде тешко да откриете неговото вистинско лице.

Дали зборува многу за себе?

Ако цела вечер ќе помине во знакот на неговиот монолог, работите не се добри. Чувајте се од мажи кои имаат потреба постојано да зборуваат за себе, а при тоа да не покажуваат ни минимум заинтересираност за она што Вие имате да кажете. Станува збор за егоцентричен маж со кој е многу тешко да воспоставите врска затоа што тие само гледаат нивните потреби.

Мистериозен е?

Некои мажи ја пуштат девојката сама да зборува, а тогаш тие  за да го избегнат молкот, откриваат и повеќе отколку што мислат. Бидете одмерени и пуштете и тој да зборува. Доколку и покрај тоа, тој не сака да зборува многу за себе, најверојатно нешто крие или не сака да ви даде прилика подобро да го запознаете. Било да станува збор за едниот или другиот, работите не се развиваат онака како што би треба и од таквите мажи бегајте.

Премногу комплименти?

Убаво е кога мажот на жената и дава комплименти, но се има своја мера и граница. Ако мажот во текот на првиот состанок се расфрлува со комплименти кои полека преминуваат во додворување, многу е веројатно да со зборови сака да го најде патот до Вашиот кревет. Тоа им е најбрз и најлесен начин. Доколку не Ве интересира само секс, комплиментите примајте ги со доза на резерва.

Каков е на крајот на состанокот?

На мажот на кој му било убаво со Вас на состанокот и кој би сакал повторно да Ве види, првата вечер нема да инсистира на секс или на нешто посилни допири. На него ќе му биде доволно и лесен бакнеж за убава ноќ. Доколку сепак станува збор за маж кој го занима само секс, тој ќе Ви со негови гестови многу јасно ќе Ви даде до знаење. Веројатно ќе се обиде да Ве одвлече во неговиот стан или самиот ќе се понуди да дојди кај Вас дома. Одлуката е Ваша. Ако Ве интересира врска, таков маж веднаш ќе го исфрлете од играта.