Дали сте спремни за брак?
За добар брак, потребно е многу повеќе од љубов. Добар брак бара тимска работа. Вљубени сте и мислете дека е се како што треба, но пред да го речете судбоносното ДА, седнете, размислете и запрашајте се:
Што ова личност е прави посебна и вистинска за Вас?
Вашиот првиот одговор сигурно ќе биде – Затоа што го/ја сакам. Но тука не станува збор дали ја сакате или не, туку е прашање што ја прави личноста да биде она вистинска, во споредбата со сите други личности со кои бевте во врска, а да со неа сакате да го помините остатокот од животот. Важно е да бидете сигурни поради што влегувате во брак. На пример, еден од грешните причини може да биде тој што мислите да е дојдено времето за венчавка. Ова е потполно погрешно, не правете притисок на себе и не допуштајте да некој друг прави притисок на Вас.
Дали сте спремни за улога на сопруг или сопруга?
Пред да влезете во брак, запрашајте се дали сте спремни за улога на сопруга или сопруг. Та улога е сериозна и повеќе одговорна од улога на дечко, односно девојка. Не е да не можете и понатаму да бидете независни, но доколку сакате бракот да го градите на доверба, морате да научите да ги делите некои работи и делови од свој живот кои порано не сте ги делиле.
Дали сте спремни за финансиски предизвици?
Да се биде во брак, не е како во врската кога ја делите сметката за ручек, кафе или ја плаќате влезницата за кино. Бракот вклучува нови и поголеми сметки. За финансиите треба да се разговара на време, така да понатаму нема некои изненадувања. Било да сте двајцата вработени или само еден работи, важно е да се има некаков финансиски план за нови предизвици, кредити, осигурување и непредвидени случки.
Дали можете да бидете верни?
Ако и понатаму се прашувате како би било да излегувате со другите луѓе и да се биде во поинаква врска, можеби би требало да почекате со венчавката. Доколку сакате да бидете со други луѓе, а не да се врзувате само за една личност, мора да бидете потполно искрени и тоа да го споделите со партнерот или со партнерката. Кажете дека Вашите желби немаат ништо со чувствата кон него/неа, но дека уште не сте подготвени да го затворите тоа поглавје.
Можете ли да живеете со таков животен стил?
Ако веќе не живеете заедно, обратете внимание на навиките и животниот стил на партнерот или партнерката. Доколку не знаете како Вашиот потенцијален животен другар живее, крајно е време да дознаете пред да кажете ДА. Ако партнерот има навики кои Ве нервираат и со кои не знаете како да излезете на крај, ако чувствувате да некои работи не можете да ги прифатите, можеби треба да почекате пред да ја донесете големата и важна одлука. Во секој случај, би било добро да пред венчавката живеете заедно, за да подобро се запознаете.