Работи кои вашиот дечко не мора да ги знае за вас

од  |  0 коментари

Знаеме дека вашата врска е искрена, делите се и не ви паѓа на памет нешто да скриете од него. Но сепак, некои работи едноставно е подобро да ги преќутите.

Имам бркови!
 
Тоа им се случува и на најдобрите – веројатно ги има и Ким Кардашијан и Риајана па дури и Бијонце. Брковите се една од оние работи кои некогаш треба да ги преќутите. Постојат пинцети, восок и милион други работи кои можете да ги делите со вашиот дечко – но ова можеби е премногу.

Го сонував бившиот!

Не можеме да бираме што ќе сонуваме , но можеме да избереме што ќе кажуваме пред дечкото. Секси сон со бившиот дечко не е нешто што морате да го споделите со него, поготово не детално. Тој ќе се прашува зошто сте го сонувале , ќе мисли дека имате сеуште чувства спрема него, малку ќе се подскарате… И све затоа што не сте преќутиле еден безначаен сон.

Моите пријателки не те обожаваат

Ова не може да има позитивен исход. Ако твоите пријателки стварно не го сакаат, или проблемот е во нив или е во него. Ако е проблемот во нив тогаш имате нелојални пријателки, ако е проблемот во него тогаш со кажување дека другарките не го сакаат нема да го решиш проблемот. Ако сметаш дека пријателките не ти се во право, натерај ги подобро да го запознаат и да го сватат тоа.

Ми се допаѓа твојот пријател

Знаеме дека е супер дечкото да го правите љубоморен, но постои и подобар начин да го направите тоа. Ако му кажеш дека ти се допаѓа неговиот другар или е згоден, тогаш се ставаш во незгодна ситуација. Ќе почне да размислува дали е паметно да се дружите сите заедно, ќе измислува работи дури и кога нема причина, можеби и ќе стане негативно настроен и кон пријателот. Ако ти се допаѓа неговиот пријател држи го тоа за себе.