Девет знаци кои покажуваат дека тој е заљубен во вас

од  |  0 коментари

Мажот може да вика на целиот глас и да ве убедува колку ве сака, а притоа воопшто да не ве почитува. Од друга страна, постојат типови кои се повлечени, ќутливи, па своите чуства ги покажуваат со прикриени знаци.

Откријте ги деветте тајни знаци кои кажуваат дека на вашиот партнер стварно му сте важни:
1. Ги исполнува вашите желби. Зарем не е прекрасно кога обрнува внимание на детали, се труди да ве расположи со секојдневни ситници?Ниту еден маж нема да ви угодува ако не му дошло до вас, затоа и вие вратете со иста мера.
2. Веднаш одговара на СМС пораки. Значи мисли на вас, вие сте му на прво место и за вас прави се што е во негова моќ.
3. Ве третира како жена. Измина времето на џентлмените кои отвараат врата од автомобил или ви ја доближуваат столицата да седнете. Но повеќето од жените сеуште “паѓаат” на вакви гестови. Но, секој има свои критериуми според кои се однесува, а ако тој делумно ги исполнува, тогаш бидете сигурни дека навистина му дошло до вас.
4. Го сака вашиот природен изглед. Во филмовите често можеме да видиме жени кои трошат саати за да се средат за својот партнер, па така одат и во кревет со шминка на лицето. Ако на мажот му сте убави онакви какви што сте, со отечени очи или разбушавена фризура, знајте дека тој вас ве сака, што значи удоволувањето со шминка, облека, детали и тренинзи нема смисла.
5. Сака да ве задоволи во кревет. мажот кој низ месеци и години не успеал да го запознае вашето тело и желби, или не се потрдил да ви приушти незаборавни моменти во креветот, веројатно не му е дојдено до вас.
6. Романтичен е. Да се надоврзиме на претходната ставка. Пред и после сексот треба да биде внимателен и романтичен спрема вас. Доколку стварно е за вас заинтересиран, тој ќе знае дека како жена битен ви е секој допир и бакнеж.Впрочем на тој начин покажува дека му е убаво кога е со вас.


7. Се гордее со вас. Овде мислиме на тоа да се гордее и фали со вашите успеси, достигнувања, паметни одлуки и храбри чекори. Многу работи можете да видите во начинот на кој ве претставува во друштвото. доколку е горд на вас, значи ве сака и цени.
8. Ги поддржува вашите амбиции. Кога мажот ќе ги искритикува сите важи идеи, замисли и посака нешто друго да постигнете во животот, значи не ве цени и нема визија за заедничка иднина. Освен тоа, нема високо мислење за вас и вашите способности.
9. Ве развеселува. Кога тој самоиницијативно го спремил вашето омилено јадење или ја уреди куќата без никаков повод знајте дека ве сака. Дури и ситниците како приготвување на утринско кафе и порака на фрижидерот покажуваат дека му значите.