Како хороскопските знаци го доживуваат крајот на љубовната врска

од  |  0 коментари

Не доживуваат сите исто љубовните бродоломи – некој плачи, некој не јади … другите патат во тишина, а има и оние кои утехата ја бараат во алкохолот или во новиот партнер.

ОВЕН

Болно ги преживуваат крајот на љубовта, но се трудат да остават впечаток на силни личности. Кога ќе ги стегнат љубовните маки, не им е лесно во нивната кожа. Бидејќи веруваат дека во љубовта и војната е се дозволено, личноста во која се вљубени се обидуваат да придобијат на сите начини.

БИК

Тешко ги поднесуваат разделбите со личноста која ја сакаат, дури и да мора некој од двајцата да отпатува. Доколку разделбата е засекогаш, емотивниот Бик ќе се повлече дома и ќе тагува во тишина. Утехата ја пронајдува во стиховите на песни кои го потсетуваат на партнерот.

БЛИЗНАЦИ

Иако делуваат дека се преживуваат спортски, на нив воопшто не им е лесно. Навикнати се да бидат сакани од сите, па навистина не им е јасно кој би можел да ги остави. А кога тоа ќе се случи, личноста во која се вљубени ќе и праќа sms пораки, ќе вика преку телефон, ќе пишува meil.

РАК

Многу тешко преживуваат разделбите со саканата личност, па дури да е тоа привремена разделба, па во очајот лесно се насочуваат кон храна и алкохол, одат од кафеана во кафеана, и често се без мера и вкус, предаваат во прегратките на личностите кои се под нивен ниво.

ЛАВ

Поносниот Лав пати драматично, отворено, и сите мораат да знаат дека е емотивно ранет и сите тагуваат заедно со нив. Тешко ги поднесуваат разделбите и понекогаш не можат да разберат дали е тоа поради нивната повредена суета или скршеното срце.

 

 

 

ДЕВИЦА

Избирлива, но трпелива Девицата тешко бива оставена, но доколку сепак ќе дојде до тоа, ќе преземи се, за да ја дознае причината. Кога ќе посака да го напуштат партнерот, ќе направат така за да испадни дека е таа оставена.

ВАГА

Воздржана Вага, како родена актерка, нема на никој, па така и на личноста која ја сака да даде такво задоволство да ја гледа незината болка кога е оставена. Пред други ќе се насмевнува, а дома ќе плачи и пати.

СКОРПИЈА

Скорпија пати како ниеден друг хороскопски знак, а посебно кога е вљубена и кога ќе ја напушти личноста која искрено ја сака. Ниеден пријател, ниедно кафеана, како ниту алкохолот не можат да и поможат, бидејќи Скорпијата најтешко ги поднесува разделбите.

СТРЕЛЕЦ

За да ја преживее љубовната разделба, Стрелецот ќе избега од суровата реалност. Секако ќе се обиде да некаде отпатува, но ако тоа не е можно, ќе се упати кон омилен ресторан или ќе се прошета низ градот, а по пат ќе намини во видеотека по филм кој го сакаше да го гледа со саканата личност. И тогаш ќе биде сам, но зарем тогаш не би било попаметно да размислува за некој нов состанок, а не за таа неубава разделба.

ЈАРЕЦ

Практичниот, но и осетливиот Јарец не е јасно кој би можел толку да биде луд да се откажи од него, бидејќи нема што тој не би направил за саканата личност. Доколку е оставен, Јарец мисли дека со него нешто не е во ред и го одмотува филмот наназад не би ли пронашол нешто што на партнерот не му одговарало.

ВОДОЛИЈА

Се што би требало да и објасни на саканата личност, Водолијата се обидува да му објасни на пријателот или колегата. Сепак, ќе направи апсолутно се да личноста која ја сака ја убеди да и се врати.

РИБИ

Рибите се родени за да патат, сочувство и болка. Тагата во нивниот поглед поголема е од нивните зборови, и умеат да одбулуваат во самотијата. И така, во сопственото самосожалување, неразбрани и отфрлени од партнерот, се присетуваат за некои други љубовни разделби, за кои имаат мислено дека светот ќе застане.