Љубов или пари: Заради што би стапиле во брак?

од  |  0 коментари

Иако на многу луѓе му се чини дека романтиката е нешто што дефинитивно исчезнало, посебно во денешно време, истражувањата покажаа дека не е се така црно.

Романтиката не е изумрена! Ова го покажаа најновите истражувања за бракот, кои ги испитуваа причините за кои луѓето стануваат ладни како камен. Тие се однесуваат така поради претходно лошо искуство кое се пренесува на новиот партнер.

Имено, студиите покажаа дека половина од луѓето веруваат дека во текот на животот ќе ја сретнат онаа вистинската или вистинскиот, а дури 86% од нив би стапиле во брак исклучиво од љубов, а ниедна друга причина не доаѓа во предвид.

Од друга страна, само 6% од испитаниците признале дека во брак ќе  стапат само поради материјални причини, верувајќи дека парите ќе им обезбедат посреќен живот.
Се чини дека некои вредности не излегле од мода колку што нас ни се чини, што знчи дека има надеж.

Што вас би ви била добра причина за да стапите во брак, љубов или пари?