Што мажите не сакаат да го слушнат од жените?

од  |  0 коментари

Постојат одредени работи кои мажите едноставно не сакаат да слушнат, а “биди маж” е секако една од тие реченици. Ништо не боли толку колку доведување во прашање нивната машкост. Не се зачудувајте доколку добиете одговор од типот: “ Зошто ти не би била жена и прекини постојано да зборуваш”. Еве неколку изјави од кои на мажите никогаш нема да им биде пријатно, колку и да сте заедно:

Размислував …

Ваков почеток на реченицата значи нешто сериозно. Или се работи за размислување за брак или за крај на врската. Сличните реченици вклучуваат и прашања како: зошто ме сакаш, дали си размислувал за нашата иднина итн.

Мои родители сакаат да те запознаат!

Таа изјава може да значи дека Вас многу Ви значи партнерот па сакате и Вашето семејство да го запознае, но мажите најчесто се плашат кога ќе го слушнат тоа, па внимавајте на кој начин и кога тоа ќе му го кажете.

Ме боли глава!

Штом ќе го слушнат ова, мажите веднаш помислуваат дека го користете изворот за да го избегнете секс. Бидете по искрени! Доколку не сте расположени за секс, не ја користете таквата фраза.

Мој бивши дечко тоа никогаш не го има правено!

Никогаш, ама никогаш не го споредувајте Вашиот  сегашниот дечко со бившиот. Замислете ја обратната ситуација. Како би Ви било тој Вас да Ви кажи: мојата бивша девојка беше поинтересна!?

За што размислуваш?

Жените се љубопитни по природа и сакаат да ја знаат секоја мисла, додека мажите се едноставно поинакви и немаат потреба да зборуваат са секоја ситница од емоционалниот живот.

Дали ти е убава ова девојка?

Доколку одговори со да, голем број на жени ќе се налутат. Доколку пак одговорот биде не најверојатно нема да му поверувате. Гледањето не е забрането и жената би требало да се помири со тоа.

Зарем ништо не забележуваш на мене?

Мажите не ги забележуваат деталите и едноставно нема да забележат доколку сте се истрижале или доколку се имате обновено со нова гардероба.