Места кои треба да ги посетите во 2015 година #Дел 1

од  |  0 коментари

Потребни ви се информации во кои градови и места во светот ќе се случуваат најразлични настани и ќе биде убаво да ги посетите оваа 2015 година? Доколку имате авантуристички дух и потребни ви се одредени причини за да посетите одредено место во светот освен традиционалните познати глетки и места тогаш сте на вистинското место. Погледнете што можеме да ви понудиме во овој напис кој ќе опишува повеќе од 50 дестинации ширум светот.

# Дел 1

1. Милано- Италија

milano

 

Овој град има своја причина зошто треба да го псоетите во 2015, а тоа е  2015 World Expo настанот. Повеќе од 20 милиони посетители се очекува дека ќе пристигнат на овој настан во градот , а ќе се одвиваат настани се од Мај до средината на Октомври. Овој настан се фокусира на храната, здравата исхрана и одржливи практики совршен избор за еден од најпознатите кулинарски градови и традиционални кујни во светот.

2. Куба

kuba

Куба е добро позната како забранетиот остров, тропски бастион на комунизмот чија мистика се повеќе се продлабочува поради забраната на Американците да патуваат на тој остров. Со доаѓањето на новата ера и во ова место за во периодот од Мај 22-Јуни 22 се одржува традиционалното Биениале во Хавана оваа година 12 то по ред, па ова место ги отвара своите врати за било кој посетител да искуси што значат прочуените ноќи во Хавана и на своја кожа.

3. Сингапур

singapur

 

Сингапур полни 50 години во 2015 година, па овој мал град ќче слави цела оваа година  започнувајќи од самата Новогодишна ноќ, па се до крајот на годината. Поважни настани кои се долгоочекувани се Chingay Парадата во Февруари во која ќе перадираат илјадници шаренолики изведувачи по улиците на градот, подоцна Националната Галерија во Сингапур ќе одржува едни од најголемите фестивали за Азиска уметност во светот. Ова и уште многу важни манифестации ќе се случуваат на тлото на овој град па доколку не сте го посетиле до сега, ќе уживате во сите природни но и фестивалски убавини кои моеже да ви ги понуди.

4. Бургундија , Франција

burgundija Francja

 

Овој возобновен вински град- еден од најпознатите во светот, оваа година нуди бројни измени и нови генерации на хотелиери и винарии, езеерца и големи населби и реставрации на селскиот туризам.

Оваа година Бургундија е номинирана на листата на Светско наследство за 2015 година поради незините 100 исориски локалитети кои возобновени нудат рај за сите оние посеители кои оваа година ќе се одлучат да го посетат овој крај од Франција покрај добропознатиот Париз.

5.Аделаид, Австралија

adelAID

Аделаида е главниот град на Јужна Австралија и е тесно поврзан со винскиот град но и плажите. Нуди широк дијапазон на места за посета на луѓе со различен вкус. Оваа година нуди збогатување на културната сцена покрај традиционалната туристичка атмосфера за време на туристичката сезона. Попознати фестивали се очекуваат во текот на целата година се од музички, филмски па до кулинарски и уметнички.

Можеби не толку често патот може да не одведе на вакви туристички места меѓутоа нешто мора да го разбуди во нас авантуристичкиот дух, било кое од овие наведени места барем еднаш во животот заслужува да го посетиме затоа што нуди повеќе од природна убавина и загарантирано уживање и убав помин.