Најчести грешки поради кои што врската завршува

од  |  0 коментари

Понекогаш несвесно, понесени од некаква заљубеност правиме грешки. Грешките во врските се случуваат во секакви околности, особено на почетокот на врската. Секој греши, но сите имаме и можност да избегнеме одредени погрешни постапки.

Кои се најчестите грешки во љубовните врски?

  1. Му посветувате премногу време на партнерот– многу брзо врската ќе ја донесете до стадиум на тотална здодевност и тој/таа ќе чувствува како некој да му/ù ја одзема слободата.
  1. Мислите дека ќе се промени– дефиниција за лудило е да правите исто нешто повторно и повторно очекувајќи различни резултати. Па не бидете луди, престанете да му/ù давате шанси да ја поправи работата! Само залудно го трошите вашето, а воедно и неговото/нејзиното време.
  1. Дозволувате некој да биде супериорен во врската– секако постојат работи за кои е подобро да одлучите вие, а за други, вашиот партнер. Но сосема различно е некој да биде постојано супериорен во врската, да се слушаат неговите желби и да се почитуваат само неговите приоритети. Никој не сака неговото его да биде згазено, имајте почит за туѓите потреби.

breaking-up-on-facebook

4.Претерано сте љубоморни– дури и кога ќе почувствувате љубомора не мора да ја искажувате. Во врската ќе донесете притисок, кавги и неслога. Нели врсемоционално насилствоките треба да носат спокој, задоволство и среќа? Никој не сака да биде во врска со личност која е болно љубоморна.

  1. Реагирате лошо на неговите/нејзините средби со бившите– имал/а живот и пред вас, исто како што сте имале и вие. Во ред е да се сретне и поздрави со бившите, но доколку реагирате избувливо ќе изгледате како плашлива личност која нема доволно самодоверба и се плаши од луѓето во неговото/нејзиното минато. Избегнете бурни реакции пред другата личност или насамо со партнерот, освен доколку некој навистина премине одредени граници.
  1. Дозволувате или сте емоционално насилни – врската со емоционално насилство нема иднина, не дозволувајте некој да ве вознемирува, да ги крати вашите права или слободата.

 

why-break-up-now1

 

  1. Се изолирате од надворешниот свет– се оддалечувате од вашите пријатели, го запоставувате своето семејство. Но размислете, ако направите тој/таа да биде сè во вашиот живот, што би се случило кога на таа врска би ù дошло крај?
  1. Го/ја правите главна точка на распоред 24/7– оставете го/ја да дише! Имајте си пауза еден од друг, врската побрзо ќе ви здодее доколку заедно го поминувате речиси целото слободно време, а тогаш кога не сте заедно „висите“ на телефон. Тоа се веќе опсесивни врски кои не траат долго.

 

  1. Го/ја опсипувате со подароци– со трошењето пари не правите да ве сака повеќе, може само да постигнете спротивен ефект.

young man giving a present to a young woman

10. Прерано се запознавате со неговото/нејзиното семејство– додека врската не стане сериозна, нема потреба од избрзани постапки како присуствување на важни семејни собири.

11.Немате разрешено со вашето минато– еден од главните проблеми во врските е мешањето на минатото со сегашноста, а уште полошо доколку не сте „начисто“ со минатото или доколку премолчувате важни работи кои би требало да бидат кажани.Men

12.Премногу рано ја изразувате вашата љубов– внимавајте, љубов се изразува со „ладна“ глава, и секако, бидете свесни за последиците. Но не изјавувајте љубов ни предоцна. Доколку не ја вреднувате личноста со која сте во врска, може да биде доцна кога ќе сфатите колку таа личност ви била важна.

13.Кавгите ги решавате со секс– расправијата која е потисната од моментално задоволство не е решена, само е скриена, но кога-тогаш ќе исплива на површина.

breakup

14.Не внесувате ништо ново во врската– не дозволувајте ù на монотонијата да царува. Внесете нешто ново, интригантно, врската треба да ви биде интересна и возбудлива.

15.Дозволувате други да ви се мешаат во врската– ни вашето семејство ни пријателите не знаат точно како ви е вам и кои се околностите со кои се соочувате. Не дозволувајте блиските да ви се мешаат и да ви „солат“ памет. Разграничете добронамерен совет од мешање каде некому не му е местото.

И за крај, најголемата грешка е да заборавите да се цените себеси. Не заборавајте колку вредите и дека не е крај на светот доколку на врската ù дојде крајот. Никој не е поважен од самите вас, не заслужувате некој кој ќе ве третира лошо!

anxiety-job_2601073b