Научете да носите штикли

од  |  0 коментари

Пред да ги облечете новите чевли кои сте ги купиле за некој важен настан, неопходно е прво да ги разгазите. Шетајте низ дома со нив барем два часа, најдобро во хулахопки или танки чорапи. Пред самиот настан облечете ги 20 минути порано.

Висина на штикли

Висината на штиклите зголемувајте ја постепено. Носете ги прво оние од пет, па седум, десет и повеќе сантиментри. Ако ги немате сите модели и различни висини на располагање вежбајте со помош на столица. Опуштете ги прстите, подигнете се на нив држејќи ги петите во воздух. Повторете го тоа неколку пати и ќе ги зајакнете стапалата.

Стабилност

Свртете ги стапалата на надворешната страна – тоа ќе ви даде стабилност на колковите, а и скочниот зглоб ќе биде постабилен.

Опуштете се

Зајакнете ги стомачните мускули, долниот дел на грбот и колковите. Ако сте јаки во средниот дел на телото, ќе исчезне укоченоста во екстремитетите. Додека одите во штикли опуштете ги колената.

Движете се нежно

Многу жени мислат дека гламурозното движење во штиклите е некој вид преправање. Ако сакате да се движите женствено, опуштете се. Идејата е да не изгледате напнато, туку лежерно, со многу самодоверба.

Важни се и рацете

И рацете мора да бидат опуштени и да се нишаат покрај телото. Важно  е долниот дел на рацете под лактите да ви биде слободен.

Нега на стапала
Редовно масирајте ги стапалата, макар неколку минути дневно. Вашите нозе мора да бидат во совршена форма за да изгледате магично на високи потпетици.