Што жените прво забележуваат кај мажите, што ги привлекува, а што сигурно одбива?

од  |  0 коментари

Додека го “скенираат” мажот кој ги заинтересирал со појавата, жените прво обрнуваат внимание на забите. Изгризени нокти или долгиот нокт на малиот прст остават впечаток на момче кој што не е по хигиената, и по мислењето на многу девојки не поседува манири на џентлмен. Мажите кој што брзо и бесно возат не поминуваат кај дамите. Не се пиши добро ни на фраерите кои романтичната вечер сакаат што побрзо да  завршат поради Лигата на шампиони.

90% Жени кажуваат дека жолтите заби ќе ја намалат шансата кај мажот за прв бакнеж!

73% од жените кажуваат да изгризени и запуштени нокти гарантираат фијаско веќе кај првата средба.

60% Од жените кажуваат дека валканите чевли кај момчето ќе ги намалат шанса за врска!

Исто така доколку момчето не знае да ги комбинира алиштата и носи демоде или стари чевли, девојката ќе мисли дека недостиг на стил во неговиот живот ќе се манифестира и во нивната врска.

97% жени сметаат дека премногу кратка вечер под свеќи не е воопшто романтично!

Доколку момчето во текот на вечерната средба секој момент гледа на часовник како не би ја пропуштил утакмицата на Лига шампиони, таа ќе разбери дека воопшто не му значи.

90% жени кажува дека секое изживување со колата од кои срцето ќе им се спушти до петици, може да биде сериозна грешка!

Доколку тој вози како Шумахер – многу брзо, таа ќе излези од колата. Жените го изедначуваат начинот на неговото возење со тоа како тој ќе ја третира кога ќе дојди до тешкотии во врската.