Правилата на привлечност

од  |  0 коментари

Кој е клучот на тоа како да се привлече вниманието на еден маж – и како да се задржи?

Комуникација – текстуалните пораки се значајни во денешната комуникација и секогаш ги употребуваме во некаква форма. Меѓутоа, не треба да играат некаква важна улога во врската. Многу поважна е непосредната и искрена комуникација.

Готвењето – егзотични, зачинети и брзи јадења кои се лесни за подготвување преставуваат ретко задоволство за секоја жена, а и одличен начин да се привлече вниманието на некој маж.

Суптилен поглед – најмоќната работа која можете да ја сторете за привлекување на машкото внимание преставува суптилен и истовремено поглед полн со самодоверба, кој ќе го упатите на само неколку секунди, за потоа веднаш да го свртите погледот на другата страна.

Страста и довербата – треба да се започне со страсна врска, а доколку успеете да ја одржите и задржите страста, тогаш сте на половина пат до успехот. Потоа на сцена стапува довербата.