Што мажите сакаат?

од  |  0 коментари

Иако медиумите секојдневно ги бомбардираат жените со информации што треба да работат и како да се однесуваат како на мажите би им биле повеќе привлечни, а факт е да мажите не бараат многу. Нив ги привлекува “она нешто” во жената, а не е шминка или облека. Откријте што.

Коса – иако е одамна познато да мажите преферираат долга коса и кратка фризура може да биде привлечна. Важно е само да е косата чиста и негувана.

Насмевка – едно истражување покажало дека на мажите им се попривлечни жените кои не се нашминкани ама се со насмевка, отколку сериозните жени со премногу шминка.

Облека – мажите ќе ги привлечи жена која не е премногу откриена и она која дава да се замислува како незиното тело изгледа. Не заборавете дека мажите го сакаат заведувањето. Значи, доза на таинственост е секогаш секси.

Држењето на телото – доколку сте подгрбавени и често гледате во земја и имате спуштени рамена, ќе изгледате постаро и уморно. Од друга страна, доколку одите исправено и ја држите високо исправена глава, ќе делувате самоуверено, а познато е дека мажите сакаат самоуверени жени. Не е важно дали на нозете имате високи потпетици или патики, важно е да одите сигурно и исправено.

Зборувањето – жените кои премногу гласно се смеат и кои зборуваат со пискав глас, на мажите не им се ни малку привлечни. Значи, наместо гласно да се смеите и зборувате со висок тон, намалете го тонот и обидете се да зборувате со подлабок тон. Тоа е таканаречен заводнички глас, на кој мажите едноставно не можат да одолеат.